седба | ж.
Тоа што е посеано. Тие имаат многу седба за вршење. Годинава седбата беше добра.
седелка 1 | ж.
седелка 2 | ж.
седело | ср.
Место каде што лежат кокошките, несат јајца итн. Кокошките правеа седела во јаслите.
седенка | ж.
Вечерно собирање на млади луѓе, најмногу девојки и млади жени, обично на село, зиме или наесен заради дружење и заедничка работа (ронење кочани пченка, предење, везење, плетење и сл.).
седеф | м.
Бела, блескава маса со која е обложена внатрешноста на некои школки, полжави и сл. Украси од седеф. Крст од седеф.
седефен | прид.
Што е од седеф. Седефни копчиња.
седефест | прид.
Што е од седеф или како седеф. Седефести копчиња.
седефлија | прид.
седефен, седефест.
седефче | ср.