седечки | прид.

Што е во положба, состојба на седење. Седечка положба.

седи | несв.

Е во положба во која долниот дел од телото, обично со свиткани нозе во колената, ја носи тежината на горниот дел. Седи на стол. Седеа на маса. Тие седеа во еден агол од вагонот. Адам седеше под црешата. Не седи на земја!

седимент | м.

Талог на некоја течност, материја издвоена од водата, наслојка, мил.

седиментација | ж.

Механичко таложење на честички (почвени и др.) 2. (мед.) Дијагностичка метода во која се мери брзина на таложење на црвените крвни зрнца.

седиментен | прид.

Што е добиен со процес на седиментација. Седиментни карпи.

седиште | ср.

Единечно место на кое се седи. Сала со 2000 седишта. Седна на задното седиште од автомобилот. Седиштата на пајтонот беа од црвено кадифе. Помошно седиште.

седла | несв.

Става седло на животно, обично на коњ. Го седла коњот.

седлар | м.

Мајстор што изработува седла; сарач.

седларница | ж.

Работилница на седлар.

седларство | ср.

Занает на седлар.