траверзален | прид.

Што се однесува на траверза, што служи како траверза.

травертин | м.

Бел или жолтеникав бигорен камен што се користи како градежен материјал.

травестија | ж.

Литературно дело во кое се исмејува сериозната содржина на некое друго дело така што ѝ се дава шеговита форма;

травестит | м.

Хомосексуалец што се облекува и се шминка како жена.

трага | несв.

Бара, е во потрага по нешто. Спасувачката екипа уште трага по исчезнатите патници. Полицијата долго трагаше по него.

трага | ж.

Белег, отпечаток од нешто што поминало врз некаква површина. Трага од стапала. Траги од валкани прсти. На патот свежи траги.

трагач | м.

Тој што трага. Трагач по злато. Трагачи по скриено богатство.

трагедија | ж.

Вид драма со жална, тажна содржина. Античка трагедија. Изведба на трагедии.

трагедиограф | м.

Тој што пишува трагедии, драматург на трагедии. Типичен трагедиограф.

трагизам | м.

Трагичната, тажната страна на нештата. Историски трагизам. Трагизмот на човекот.