точило | ср.

Острило, брус.

точка | ж.

а) Ситна тркалезна дамка. Има некаква црвена точка на белиот килим. Мала, црвена точка на стомакот. Блуза со ситни точки. б) Отпечаток од шилест предмет.

точка се | несв.

Се движи во колона, се ниже во мнозинство, едно по друго. Војската се точкаше како река. Се точкаа автомобили по автопатот кон границата. По калдрмата се точкаа последните пазарџии. Мравките се точкаат по ѕидот.

точкест | прид.

Што е со точки, што има точки. Точкест абажур. Точкеста ткаенина.

тој 1 | зам.

Лична заменка за трето лице еднина; го означува лицето или предметот за кој се зборува. Тој беше немирно дете. Тој многу пати не го послуша татка си.

тој 2 | зам.

За покажување на некого или на нешто што го гледаме во моментот на зборувањето, што се наоѓа на определена близина. Чие е тоа куче? Во таа соба спијат децата.

тојага | ж.

Цврст стап што служи за потпирање; се користи за напад или одбрана. Тргнала старицата со тојага да го бара внукот по селото. Размавтувал со тојагата за да се одбрани.

траба | ж.

Текстилен производ (платно, штоф и сл.) навиткан на нешто во цилиндрична форма. Траба шајак.

трабант | м.

Придружник, телохранител.

траверза | ж.

Метална или дрвена напречна греда, напречен праг.