трагика | ж.

Тоа што е со трагични карактеристики или последици; трагичност. Трагиката на ликовите.

трагикомедија | ж.

Вид драма со трагични и комични елементи.

трагикомичен | прид.

Што е и трагичен и комичен. Трагикомична ситуација.

трагичар | м.

Актер што игра тажни, трагични улоги.

трагичен | прид.

Што содржи трагика. Трагичен крај. Трагична случка. Трагични битки.

традиција | ж.

Усно пренесување на историски факти, предание. Народна традиција.

традиционален | прид.

Што се однесува на традиција, што е заснован врз традиција, што се пренесува по традиција. Традиционален обичај. Традиционална носија. Традиционално јадење. Традиционални игри и песни.

традиционализам | м.

Верување во традицијата, одржување на традицијата. Традиционализам и патријархална култура.

традиционалист | м.

Приврзаник на традиционализмот.