транзитивен | прид.

За глагол – што се карактеризира со дејство што преминува директно на предметот; преоден.

транзиција | ж.

Преминување или промена од една состојба во друга. Општествена транзиција. Период на транзиција.

транс | м.

Силна возбуда, восхит, занес, екстаза. Чудесен транс.

трансакција | ж.

Трговска зделка, деловен потфат, спогодба. Ризични трансакции.

трансатлантски | прид.

Прекуокеански, што се наоѓа од другата страна на Атлантскиот Океан.

трансверзала | ж.

(мат.) Во геометријата – линија што сече две или повеќе прави што лежат во иста рамнина.

трансверзален | прид.

Што е поставен напреку, не по должина на нешто, напречен. Трансверзален пат.

Трансилванија | ж.

Област во Романија.

транскрибира | св. и несв.

Направи, прави транскрипција.