тревен | прил.

Народно име за четвртиот месец во годината, а

тревен | прид.

Што е обраснат со трева, што е покриен со трева. Тревна површина. Тревни терени.

тревест | прид.

Што наликува на трева, што е како трева. Тревест килим.

тревка | ж.

трева_1

тревлив | прид.

Што има многу трева, што е обраснат со трева. Тоа не се голи туку тревливи ридишта.

тревливи | несв.

Не зборува чисто, пелтечи. Детето тревливеше, ги повторуваше слоговите, зборовите.

тревник | м.

Површина на булевар, улица, во парк, двор и сл. со посеана и негувана трева. Градски тревник. Децата играа топка на тревникот пред зградата. Ливадите и пасиштата се природни тревници.

тревога | ж.

Вознемиреност, немир, обеспокоеност, возбуда. Залудна тревога ги исполнува дните. Тоа ги фрли во тревога. Без тревоги, ќе оздрави! Цвет за спомен на најубавата љубовна тревога.

тревожен | прид.

Што се однесува на тревога. Тревожен сон. Тревожна вест. Тревожно чувство. Тревожни гласови.

тревожи | несв.

Вознемирува, обеспокојува. Сонот го тревожи човека. Во животот сум имал многу ситуации што ме тревожеле.