тревожен | прид.

Што се однесува на тревога. Тревожен сон. Тревожна вест. Тревожно чувство. Тревожни гласови.

тревожи | несв.

Вознемирува, обеспокојува. Сонот го тревожи човека. Во животот сум имал многу ситуации што ме тревожеле.

тревокосачка | ж.

Машина за косење трева.

тревопасен | прид.

За животно – што пасе трева, што се храни со трева. Тревопасни животни.

трегер | м.

Во градежништвото ‒ главна греда, бетонски носач, потпор. Трегер од плоча. Бетонски трегери.

трегери | и.

Ремени префрлени преку рамо што служат за држење на панталоните.

трезвен | прид.

Што не е пијан, што се воздржува од пиење. Трезвените гости ги влечеа под рака пијаните.

трезвеник | м.

Тој што е трезвен, што се воздржува од пиење.

трезвеништво | зам.

Движење против употребата на алкохолни пијалаци; антиалкохоли