треба | несв.
безл. Е потребно, е неопходно. Утре треба да станеме рано. Уморот треба да се надвладее. Тоа треба да се разбере. Не треба да чекаш повеќе.
требен 1 | прид.
Што е исчистен. Требен ориз. Требена пченица.
требен 2 | прид.
Што е потребен. Требен ми е мене. Требни им се луѓе од мајка родени. Што ќе им се пари, не им се требни.
треби | несв.
За грав, ориз, леќа, пченица и сл. – одвојува, исфрла нечисто, расипано, штетно зрно, чисти. Со рацете го требеше гравот. Вие требете ја пченицата за варење.
требник | м.
Книга со молитви, молитвеник.
требува | несв.
Во администрацијата – прави нарачка за канцеларски материјал, средства за работа, средства за чистење и сл., врз основа на писмена потврда, побарува.
требување | ср.
Глаголска именка од требува.
трева | ж.
а) Општ назив за зелјеста едногодишна или повеќегодишна билка од фамилијата треви со тенко стебло. Зелена трева. Сува трева. Ливадски треви. Високи и густи треви. Ќе посеам трева во дворот. б) (само мн.) Фамилија вакви растенија. Фамилија треви. в) Одделен назив за секое од овие растенија. На гумното растеше пердувеста трева. По полето имаше разни треви.
тревар | м.
треварство | ср.