трезен | прид.
трезни | несв.
Прави да биде трезен. Студениот воздух го трезнеше пијаниот.
трезор | м.
Метален орман во кој се чуваат пари, хартии од вредност и сл.; благајна. Се отворија тешките метални врати на трезорот. Празни трезори.
трем | м.
Покриен простор пред влез на куќа, зграда и др. Трем на шумска колиба. Сонцето продира и под тремот. Жените се затскриваа по тремовите.
трема | ж.
Треперење на снагата, силна, трескава возбуда поради неизвесен исход, страв пред испит, настап и сл. Несовладлива трема. Рацете му се тресеа од трема. Тој успеа да ја победи тремата пред музичкиот настап.
тремаџија | м.
Тој што има трема. Голем тремаџија.
трембет | м.
тремен | прид.
Што се однесува на трем. Тремен ѕид. Тремна врата. Тремни столбови.
тремпете | ср.
Барабан.
тренд | м.
Општ правец, тенденција во модата, музиката и сл. Тренд во популарната музика. Светски модни трендови.