трендафилов | прид.

Што се однесува на трендафил, што е од трендафил. Трендафилов цвет. Трендафилово масло.

трендовски | прид.

Што го следи трендот, помоден. Трендовска музика.

тренер | м.

Тој што тренира спортисти.

тренерка | ж.

Жена што тренира спортисти.

тренинг | м.

Систематско вежбање за да се стекнат одредени вештини во некоја спортска дисциплина; тренирање. Спортски тренинг. За натпреварувачка кондиција потребен е постојан тренинг.

тренира | несв.

Вежба, изведува определена вежба во спортот. Гимнастичарите тренираа на партер во спортската сала. Неговиот другар тренира бокс.

тренирка | ж.

Спортска облека за тренинг и рекреација.

трепери | несв.

Прави отсечни и чести многукратни движења, се тресе, брзо се ниша, се лелее. Ниту еден лист на дрвјата не трепери. Лисјата на брезата трепереа од ветрот. Воздухот трепереше од големите жештини. Трепери чистата езерска вода.

треперлив | прид.

Што трепери. Треперлив глас. Треперлива светлина. Светла и треперлива ѕвезда.