тресет | м.
Растителна карбонизирана материја што се користи како гориво, во хортикултурата и сл. Мек тресет. Тресетот може да се употреби и како постелка во шталите.
тресетен | прид.
Што се однесува на тресет, што е од тресет. Тресетна почва.
тресетиште | ср.
Место со тресет.
тресиопашка | ж.
Назив на фамилија мали птици, како врапци, со карактеристична долга опашка која постојано се тресе; Motaccila.
треска 1 | ж.
(мед.) Состојба на намалена периферна циркулација што предизвикува чувство на студ и тресење, грозница.
треска 2 | ж.
Ситни дрвца, иверки што отпаѓаат при сечење дрва и служат за потпалување оган. Старицата собираше суви трески. Тој влезе во колибата, наделка трески и го запали огнот.
треска | несв.
тресне_1_2
Треска | ж.
Река во Македонија.
трескав | прид.
Што има треска.
трескавичен | прид.
Што е како треска, брз, секавичен. Трескавичен блесок. Трескавична насмевка. Трескавична борба.