трепка | ж.

Влакненца по работ на очниот капак, клепка. Го скокотка трепка во окото. Долги црни трепки.

трепка | несв.

Несвесно спојува (затвора и отвора) трепки, клепа, мига. Тој трепкаше со очите вчудовиден. Детето трепка на сонцето.

трепкав | прид.

Што трепка, што светка, светкав. Трепкаво пламенче.

трепкач | м.

Тој што трепка.

треплив | прид.

трепне | св.

Несвесно спои (затвори и отвори) трепки, клепне. Детето ги подотвори очите, трепна еднаш, двапати и се насмеа.

трепнеж | м.

Трепет, треперење, трепетење. Полноќен трепнеж. Притаен трепнеж. Слатки трепнежи.

трес! | изв.

За подражавање на звук од тресок. Ја испушти чашата. Трес! Се скрши.

тресалка | ж.

Направа за тресење постела, килим и сл.

тресе | несв.

Ниша гранка, дрво, за да паднат сите плодови или лисје, дрмоли. Цел ден ги тресеа сливите и ги собираа во кофи. По првата слана ќе ги тресе дрвјата за да ги собере сувите лисја од тревата. Силно го тресел за раменици.