трибоен | прид.

Што е со три бои. Трибоен фустан. Трибојна прекривка. Трибојно знаме. Трибојни панделки.

трибун | м.

(истор.) Во стариот Рим – лице што го избирале плебејците за да ги заштитува нивните интереси.

трибунал | м.

Судски колектив, колегиум што води одреден судски процес, суд. Меѓународен трибунал. Трибунал за воени злосторства.

тривиден | прид.

Што е составен од три вида.

тривијален | прид.

Сосема обичен, банален, излитен, здодевен од повторување. Тривијален факт. Тривијална полемика. Тривијални теми.

триглав | прид.

(мит.) Старо словенско божество, се прикажува со три глави.

тригодински | прид.

Тригодишен. Тригодинско вино.

тригодишен | прид.

Што е на возраст од три години. Тригодишен внук. Тригодишни близнаци.

тригодишнина | ж.

Временски период од три години. Тригодишнина од смртта.