талир | м.

Стара сребрена пара во некои европски земји.

талисман | м.

Мал предмет со магиска сила за кој се верува дека носи среќа, успех; амајлија.

талиум | м.

Хемиски елемент, мек метал со синкавосива боја што се употребува во оптичката индустрија и во медицината; симбол TI.

талк | м.

Мек силикатен минерал со бела или зеленикава боја, мазен на допир, кој во вид на прашок или како примеса се користи во производството на хартија, гума, козметички производи и сл.

талка | несв.

Оди без цел од едно место до друго; скита. Неколку години талкаше по светот. До доцна во ноќта талкаат по улиците на градот.

талкач | м.

Тој што талка; скитник. Дојденците и талкачите им раскажуваа за долгите патувања и за нивните авантури.

Талмуд | м.

Зборник од религиозни списи што содржат догматски, етички и општествени правила и толкувања на јудаизмот.

талне | св.

Заталка, заскита. Често се случуваше некои овци да талнат во нечија нива.

талог | м.

Густ слој што останува, што се изделува од течноста и се наталожува на дното или по ѕидовите од садови, јами, речно корито и сл. По вадењето талогот од виното се симнува со мека четка. Го испива кафето и сама си гледа во црниот талог. Реката остава талог од тиња.

таложи | несв.

За вода – создава талог; наталожува. Реката таложи тиња.