трпеливост | ж.
Особина на тој што е трпелив.
трпение | ср.
Особина на тој што е трпелив. Вие имате толку многу волја, толку многу трпение.
трпи | несв.
Издржува, поднесува. Старицата трпеше силни болки во колената.
трпкавица | ж.
Трпнење; Првпат ме фати толку силна трпкавица.
трпки | и.
Состојба на надразнување така што влакната на кожата се креваат нагоре, морници; Од глетката му минеа трпки по снагата. При масирањето му врвеа трпки како чешање и боцки. Неа од тоа ја полазуваа трпки.
трпне | несв.
Чувствува трпки, морници, се ежи. Му трпнеше снагата од студ.
трпнее | несв.
трпнеж | м.
Силна возбуда од нешто, чувство на трпнење. Студен трпнеж низ целата снага. Боцкави трпнежи во подноктиците на рацете. Трпнеж му заигра под окото.
трпнежен | прид.
Што е обземен од трпнеж, што е со трпнеж. Трпнежна снага. Трпнежно срце.
трпок | прид.
Што има киселкав и малку горчлив вкус, што ја собира устата, опор. Трпок вкус. Трпка горчина. Трпко зрно грозје. Трпко вино.