трска | ж.

(бот.) Високо тревно растение што расте на мочурливи места, со долго цевчесто стебло и цветови што излегуваат во форма на метличка од долгнавестите и тесни листови; Phragmites communis. Крајбрежна зелена трска.

трскар | м.

Преселна птица слична на врабец што живее на мочурливи места обраснати со трска или со грмушки; Acrocephalus.

трскара | ж.

Работилница за обработка на трска.

трскен | прид.

Што се однесува на трска; што е направен од трска. Трскена ограда.

трстика | ж.

трска_1

трти се | несв.

Се свива надолу, се наведнува без да ги свива колената.

тртка | ж.

тртник.

тртник | м.

Најзадниот месест дел на телото од птица.

тртори | несв.

Дрдори, брбори. Трторат жените в куќа.

труба | ж.

Вид лимен дувачки инструмент со извиена цилиндрична цевка која завршува во форма на инка, со метална писка и три вентила што се користат при свирење.