трњак | м.

Место обраснато со трње. Трњак над патот. Се рашириле трњаци по нивите.

ту! | изв.

ту | сврз.

За поврзување зборови или за поврзување приредени разделни реченици за наизменично вршење на дејството: повторен разделен сврзник како алтернатива. Ту тој ту таа и двајцата не се погодија. Ту стани ту седни, место не го фаќа.

Туамоту Острови | ср.

Француски острови во Тихиот Океан, дел од Француска Полинезија.

туба | ж.

Мал цилиндричен сад од мек метал или пластика со тесен отвор и капаче за пакување на лепило, боја, паста и др. Туба со паста за заби. Туби со боја за сликање.

туберкулоза | ж.

Тешка заразна болест кај луѓето и животните, а ги зафаќа белите дробови, коските и другите делови на телото. Белодробна туберкулоза. Косна туберкулоза.

туберкулозен | прид.

Што има туберкулоза, што е болен од туберкулоза. Туберкулозен човек. Туберкулозни пациенти.

тубероза | ж.

Декоративно растение со долго стебло, светлозелени мазни листови и со бели мирисливи цветови по должината на стеблото; Polianthes tuberosa; познати се и други видови со цветови во други бои.

Тувалу | ср.

Островска држава во Тихиот Океан, дел од Полинезија.

тужба | ж.

(прав.) Барање на оштетено или овластено лице до судот за поведување постапка заради заштита на своите права или на законитоста.