турка | несв.
турне_1_2
турканица | ж.
Неорганизирана група луѓе што се движи, се турка на сите страни, метеж. Слегувајте, без турканица, без караница. Во некои денови постојано имаше турканици во автобус. Тој се изгуби среде турканицата.
туркиџија | м.
Песнопоец.
Туркменистан | м.
Држава во Средна Азија.
турколог | м.
Специјалист по туркологија.
туркологија | ж.
Наука што го проучува турскиот јазик, литература и култура.
турлинка | ж.
Ронка, трошка.
турли-тава | ж.
Вид јадење од разновиден зеленчук и месо подготвено во земјена тава.
турли-турли | прид.
Секаков, разновиден, различен. По дворовите имаше турли-турли цвеќиња.
турлија | ж.
Вид, разновидност, различност.