тури-печи | м.
Вид ориентално јадење; кори од пченкарно или пченично брашно потпечени под сач; ѓомлезец.
турист | м.
Тој што патува и привремено останува во места надвор од својата вообичаена средина заради одмор, рекреација или друга цел. Странски туристи.
турка | несв.
турне_1_2
турканица | ж.
Неорганизирана група луѓе што се движи, се турка на сите страни, метеж. Слегувајте, без турканица, без караница. Во некои денови постојано имаше турканици во автобус. Тој се изгуби среде турканицата.
туркиџија | м.
Песнопоец.
Туркменистан | м.
Држава во Средна Азија.
турколог | м.
Специјалист по туркологија.
туркологија | ж.
Наука што го проучува турскиот јазик, литература и култура.
турлија | ж.
Вид, разновидност, различност.
турлинка | ж.
Ронка, трошка.