турфанда | ж.
Рани, први плодови од зеленчук или овошје.
турцизам | м.
Заемка од турскиот јазик.
Турција | ж.
Држава во Европа и Азија.
турчи | несв.
Потурчува, присилува некого да стане Турчин.
турчинка | ж.
Булка, божурига.
туршија | ж.
Свежи пиперки, зелени домати, краставички, моркови, карфиол и сл. прелиени со раствор од киселина, сол и вода.
тутале | ср.
Топчиња од тесто или друга смеса. Туталиња од компирово тесто.
тутенка | ж.
тутка 1 | несв.
Со притисок прави нешто да биде нерамно, згмечено, собрано. Девојчето нервозно го туткаше шамичето в раце. Тој ја туткаше шапката врз градите. Детето тутка лист хартија.
тутка 2 | несв.