тутка | ж.

За конец, крпа, хартија и сл. – собран, стуткан во клопче. Не може да ја размрси тутката конци. Тутки хартија во корпата.

туткал | м.

Вид лепило за спојување на делови од исти или различни материјали (кожа, дрво, стакло, метал, гума и др).

туткалиса | св.

Намачка, залепи со туткал. Ја туткалиса скршената рачка од стомната.

туткун | м.

Тој што не умее да се снајде, да излезе од тешка состојба, неснаодлив човек. Тој беше туткун, таков го дал господ.

тутне | св.

Стави нешто кришум, сокрие. Детето најде пари, ги тутна в џеб и избега.

тутор | м.

Лице задолжено да се грижи за малолетни, онемоштени и сл. лица; старател.

тутулав | прид.

Ограничен, заостанат, прост, затутулен. Тутулава жена.

тутуле | ср.

Тутулав, затутулен човек. Се правеше тутуле, а секому солеше ум и во сè се мешаше.

тутулебале | ср.

Тутулав човек.