танок | прид.
Што е со мала дебелина, што е со мал напречен пресек. Танка хартија. Танко платно. Танка жица. Танка линија. Танок врат. Танки прсти. Танок клун.
тантал | м.
Сив и сјаен метал со голема цврстина; симбол Ta.
тантела | ж.
Вид рачна работа; мрежеста изработка од ленен, памучен, свилен и сл. конец, добиена со плетење или везење, обично како украс на женска облека. Таа носеше фустан со тантела. Секој ден плетеше тантели.
тантелар | м.
Тој што изработува тантела.
тантелен | прид.
Што е од тантела. Тантелена облека. Тантелени завеси.
тантелест | прид.
тантиема | ж.
Процент од чистата добивка што во банкарски, трговски и др. претпријатија ја добиваат членовите на управниот или надзорниот одбор.
тантур | м.
танур | м.
танц | м.
Изведба на различни фигури со ритмичко движење на телото како дел од уметноста. Историја на танцот.