тас | м.
Длабок метален сад со различна намена: а) Длабока метална чинија или метален сад за црпење вода. Црпеше вода со тасот и се поливаше. б) Метален сад на кантар. Го стави овошјето во едниот тас, а во другиот тас почна да реди од теговите. в) Послужавник во кој се оставаат парични прилози во црква. По службата оставаше неколку пари во тасот. г) Метален берберски сад. Држејќи го тасот со сапуницата стоеше покрај мајсторот кој бричеше еден муштерија.
тасма | ж.
Само во изразот удри тасма – се избричи, стане мазен во лицето.
Тасманија | ж.
Австралиски остров јужно од Австралија.
тастатура | ж.
Сите клавиши на пијано, хармоника, копчиња на машина за пишување и сл.
тастер | м.
Копче, прекинувач на електрична струја на Морзеов телеграфски апарат со чие притискање и пуштање се отчукува телеграма.
тасќебап | м.
Варено, исечкано на дробенки месо.
тат | м.
Крадец.
татар | м.
(арх.) Во Османлиското Царство – гласник, курир кој на брз коњ пренесувал писма, пораки. Татарот ги донесе подробните вести за сè што се случило.
Татар | м.
Припадник на етничка група во азискиот дел на Русија.
татаркурти | м.
Заплет на цревата.