телце | ср.
Дем. од тело.
телци | и.
телчар | м.
Тој што одгледува или чува, напасува телиња.
телчарник | м.
Преградено место, бокс во којшто се чуваат телиња.
тема 1 | ж.
тема 2 | ж.
Основна, главна мисла во уметничко дело, научен труд, расправа, говор и сл. Омилена тема на романтизмот е пријателството. Актуелна тема. Тој ја промени темата на разговор.
темане | ср.
Муслимански поклон при поздравување со доближување на прстите од десната рака до брадата, усните и челото. Направи длабоко темане и излезе.
тематика | ж.
Севкупност на теми како предмет на обработка од некоја уметничка или научна област, севкупност на теми карактеристични за творештвото на еден автор или за определен период. Народните приказни имаат разновидна тематика. Тој пишува песни со љубовна тематика.
тематски | прид.
Што се однесува на тема и на тематика; што е посветен на една тема. Тематска целина. Тематска област. Тематска разновидност. Тематско списание. Тематски прашалник. Тематска изложба.
тембр | м.
Карактеристично својство на звукот, боја на звук, глас, тон. Мек тембр на гласот. Низок тембр на тонот.