теме | ср.

Горниот среден дел од главата на човекот. Сонцето му го вжешти голото теме. Се почеша по темето. Кундакот го удри по темето.

темел | м.

Основа на зграда. Темелите на куќата беа цврсти.

темелен | прид.

Што се однесува на темел, што припаѓа на темел. Темелни камења.

темели | несв.

Зема како основа, поаѓа од нешто, гради врз нешто. Својата одбрана ја темели врз неколку докази.

темелит | прид.

темелник | м.

Обично во изразот камен темелник со значење: а) Првиот камен при градба. б) (прен.) Основа, темел, суштествен дел на нешто.

темелница | ж.

Образец од чековна уплатница.

темен 1 | прид.

Што се однесува, што припаѓа на теме

темен 2 | прид.

Што е лишен од светлина, неосветлен, мрачен. Темна ноќ. Темна шума. Темна пештера. Темна улица.