тепих | м.
Вид дебела подна простирка, исткаена од волна или друг сличен материјал; килим.
тепка | несв.
тепкав | прид.
Што тепка, што пелтечи; што е тешко, испрекинато изговорен. Тепкаво момче. Тепкаво зборување.
тепсија | ж.
Голем, плиток сад за печење. Калаисана тепсија.
тептави | несв.
Тешко изговара некои гласови, зборува испрекинато; пелтечи. Кога зборуваше, тептавеше. Изненаден, тој почна да тептави.
тептиса (се) | св.
Се збуни, се изненади, изгуби присебност. Наеднаш тептиса, како да се скочани.
тер | м.
тера | несв.
а) Управува со запрежна кола. Дедо ја терал колата, а тој одел крај колата пешки. Некој по патот тераше кола и потсвирнуваше. б) Управува со превозно средство; вози. Тој го тераше чунот право кон едно островце среде водата. Тера велосипед. Да не се симнуваме, терај понатаму.
теракота | ж.
Вид керамика – печена глина.
терапевт | м.
Лекар што спроведува одредена терапија, лекар практичар.