терапевтика | ж.
Дел од медицината што се занимава со определување на начините и методите на лекување.
терапија | ж.
Дел од медицината што се занимава со определување на начините и методите на лекување. Физикална терапија.
тераса | ж.
Голем отворен или покриен балкон на зграда, куќа и сл. Ги изнесе цвеќињата на тераса. Тие седеа на терасата од кафеаната.
терасест | прид.
Што е во вид на тераса. Терасести бродови. Терасест тревник.
терасира | св. и несв.
Направи, прави во вид на тераса. За да се спречи ерозија, се терасираат наклонетите површини.
терасовиден | прид.
Што е во вид на тераса_3
тератологија | ж.
(мед.) Наука за вродените физички недостатоци, дефекти кај луѓето.
тератом | м.
Израсток, тумор образуван од различни ткива како вродена физичка мана.
терацо | ср.
Смеса од природни камчиња и цемент што се нанесува на подни и др. површини. Под од терацо.
терач | м.
Тој што тера, што управува запрега.