терезија | ж.
Направа за мерење тежина, метален лост со два таса.
терен | м.
(само едн.) а) Површински слој на земјината површина; почва, земјиште. Сув терен. Каллив терен. Геолошки истражувања на теренот. б) Надворешен изглед на определена област, подрачје, месност. Планински терен. Рам-ничарски терен. Стрмен терен.
теренец | м.
Тој што работи на терен.
терзилак | м.
Терзиски занает, терзиска работа.
терзија | м.
Кројач, шивач.
териер | м.
Ловечко куче што се кристи за лов на животни што живеат во дупки во земјата, во јами.
територија | ж.
Дел од копнена површина, од воздушно и водно пространство, со строго определени граници, во коишто се протега една држава; простор, област на една земја со определени граници.
територијален | прид.
Што се однесува на територија. Територијална поделба.
терк | м.
Образец, модел, калап. Тој работи по туѓ терк.
терлик | м.
Вид плетени или шиени волнени домашни обувки.