техниколор | м.

Филм во боја.

техникум | м.

Средно стручно училиште.

техничар | м.

Тој што има завршено средно стручно образование. Рударски техничар. Машински техничар. Ветеринарен техничар.

технички | прид.

Што се однесува, што припаѓа на техниката. Технички развиток. Техничка опрема. Техничка лабораторија. Технички средства.

технобирократија | ж.

Испреплетување на технократијата и бирократијата што се засновува врз сличноста на функциите на техноструктурата и администрацијата во општеството.

технократ | м.

Претставник или приврзаник на технократскиот систем на управување.

технократизам | м.

Гледиште во социјално-економската теорија според кое сите сфери на општествениот живот и дејствување треба да се организираат врз принципите на техниката, на стручното знаење, и водството во тие сфери да им се препушти на најспособните претставници на техничката интелигенција.

технократија | зам.

Владеење на научно-техничката интелигенција според соодветната социјална теорија која е носител на развојот на општеството;

технолoгија | ж.

Наука или збир од знаења, постапки и вештини за обработка или преработка на суровините и полуфабрикатите во производството до готови производи.

технолог | м.

Специјалист во областа на технологијата, обично во определена гранка на производството.