тече 1 | несв.
а) За истечна вода ‒ непрекинато слободно се движи во определен правец. Покрај патот тече река. Низ долината течеше одвај чујно кривулесто поточе. б) За друг вид течност што може така да се движи. Истуреното млеко течеше по масата. По улицата течеше нафта.
тече 2 | несв.
Печали, заработува; стекнува.
течен | прид.
Што тече, што е во состојба на течност. Течен восок. Течен сапун. Течна материја.
течение | ср.
Тек.
течност | ж.
Тоа што е течно, што е во течна состојба. Бела течност. Густа течност. Леплива течност. Течност во епрувета. Меур со течност.
тешачка | ж.
Утеха.
теши | несв.
Дава, влева утеха, утешува. Мајката со шепот го теши детето. Јас ја тешев другарка ми. Соседите ги посетуваа, ги тешеа.
тешител | м.
Тој што теши некого.
тешка | прид.
За жена – што е трудна, бремена.
тешко | прил.
Многу, во тежина, во голем степен, мошне. Коњот беше тешко натоварен.