тешкотија | ж.

Проблем или пречка во нешто. Совладливи тешкотии. Животот го фрлаше од една во друга тешкотија.

тешкото | ср.

Вид македонско машко народно оро.

тешта | ж.

Мајка на сопругата.

тељ | м.

Тенка метална жица. Ограда од бодликав тељ. Ги стегна тељовите на тамбурата.

тељоса | св.

За невеста – стави украс од сребрен конец, стави тељови.

теќе | ср.

теќе | ср.

Молитвен дом на дервиши во кој престојуваат и вршат верски обреди.

ти 1 | зам.

Лична заменка за второ лице еднина; се употребува за обраќање кон соговорникот. Ти не знаеш за тоа? Ти му беше најверен другар. Ти секому дружба правиш.

ти 2 | зам.

Кратка заменка за индиректен предмет од ти; се употребува сама или заедно со долгата заменска форма ‒ тебе ти. Ти кажав да дојдеш. Ќе ја порачам песната што ти лежи на срце. Тебе ти е лесна работата.