Тибар | м.

Река во Италија.

Тибет | м.

Област во Кина.

тивко | прил.

Не многу гласно, скоро со шепот, нечујно. Бабата зборуваше тивко за да не чујат девојчињата. Тие разговараа тивко и смирено. Тивко му шепна на другарот. Дишеше тивко и забрзано.

тивкост | ж.

Особина на тивок, состојба без гласови, шумови и сл.

тивкум | прил.

На тивок начин; Полека, тивкум влезе во собата. Децата тивкум се разделија.

тивне | св.

Стане тивок, се смири, престане да се слуша; По прекорот на таткото децата тивнаа. Ветерот наеднаш тивна. Ноќе ќе тивне џагорот во улицата. Песната тивна.

тивок | прид.

Што не е многу гласен, што не е силен, одвај чуен. Тивок глас. Тивок шум. Тивка приспивна песна. Тивка музика. Тивки звуци. Тивки разговори.

тиган | м.

Метална тава со долга рачка што служи за пржење.

тиганиса | св.

Испржи во тиган.