тиганица | ж.
Меко тесто испржено на масло; мекица, вид питулица.
тиганичар | м.
Тој што прави и продава тиганици.
тигар | м.
(зоол.) Големо диво животно од родот на мачките со црвеникавожолто крзно и различни темнокафеави пруги по ширина на крзното; Panthera tigris.
Тигар | м.
Река во Ирак.
тигарски | прид.
Што се однесува или што припаѓа на тигар. Тигарски скок.
тигрест | прид.
Што наликува на тигарско крзно. Тигрест фустан. Тигреста чанта.
тигрица | ж.
Женка од тигар.
тигров | прид.
Што му припаѓа на тигар.
тие 1 | зам.
Лична заменка за трето лице множина. Тие покажале одличен успех на испитот. Тие излегоа надвор и се договорија. Тие никому ништо не должеа.
тие 2 | зам.
Показна заменка за трето лице множина, за трите рода. Во тие мигови тој не размислуваше ништо. Тоа се тие студентки. Се среќаваат тие двајца како човек со човек. Гледајќи ги тие мажи и жени, се расплака од тага.