тизап | м.
Азотна киселина.
тизе | зам.
Лична заменка за второ лице еднина
тиии! | изв.
При чудење за изразување чувство при непријатна изненаденост. Тиии, што луѓе беа! Тиии, зар можеше и тоа да им се случи!
тик | м.
Неволно, конвулзивно движење на лицето или на рамениците.
тиква | ж.
(бот.) Едногодишно градинарско растение со разгрането стебло што ползи, со големи, широки листови, со големи жолти цветови и со крупни месести плодови; Cucurbita.
тиквар | м.
Тој што одгледува или продава тикви.
тикварник | м.
Вид јадење од тиква со млеко и шеќер.
тиквен | прид.
Што припаѓа, што се однесува на тиква. Тиквен цвет. Тиквена ластунка. Тиквени култури. Тиквени семки.
тиквеник | м.
Вид пита со тиква; тикварник.
Тиквеш | м.
Област во Македонија.