Тонга | ж.
Островска држава во Тихиот Океан.
тоне | несв.
Пропаѓа под површината на вода, исчезнува под вода. Бродот тонеше во длабочините на немирното море. Монетата тоне во брзата река.
тоник 1 | м.
Газиран безалкохолен пијалак со горчливо киселкав вкус. Испив два‒три тоници.
тоник 2 | м.
Вид козметички производ, безбојна течност за освежување на кожата на лицето.
тоникум | м.
Лек за јакнење, за закрепнување.
тонмајстор | м.
Тој што го регулира квалитетот на тонот на филм, телевизија или радио.
тонометар | м.
(муз.) Апарат за мерење на разликата меѓу два звука.
тонометрија | ж.
(муз.) Мерење на разликата меѓу два звука.
тонски | прид.
Што се однесува на тон, звук. Тонски запис. Тонска реализација.
тонус | м.
Нормална состојба на напнатост на мускулите, на крвните садови или на нервниот систем при мирување.