тонфилм | м.

Звучен филм, филм со звук.

топ 1 | м.

(воен.) Вид артилериско оружје. Противавионски топ. Опсадни топови.

топ 2 | м.

Обично цилиндрична направа од картон, пластика и сл., цевка за намотување ткаенина со определена должина (платно, свила, штоф и сл.). Еден топ еднобојна свила. Неколку топа платно.

топаз | м.

Вид минерал познат како украсен камен со жолта боја.

топал | м.

Куц човек.

топен | прид.

Што е добиен со топење. Топено сало.

топеница | ж.

Издробен сув леб, попарен со врела вода и масло и потпечен во рерна.

топи 1 | несв.

Прави нешто да прими вода, течност, натопува, наводенува. Сувите корки ги топеше во врело млеко. Тетка ми топеше крпа во чинија со оцет. Пие и ги топи мустаќите во пивото. Не топи ги ногавиците!

топи 2 | несв.

Доведува нешто од тврда во течна или полутечна состојба. Домаќинката го топи салото во казан. Топилничарите го топеа железото. Високите температури го топат снегот.

топика | ж.

Наука за редот на зборовите.