угорничав | прид.

Што се качува по угорнина, што е на угорнина. Угорничаво место. Угорничави сокаци. Угорничава суводолица.

угости | св.

Добро пречека, богато почести гостин; Ги угостија сватовите.

угостител | м.

Сопственик или управител во угостителски објект (ресторан, кафеана, гостилница и др.). Угостителите од нашето место држат мали гостилници. Угостителите ги намалуваат цените надвор од туристичката сезона.

угостителство | ср.

Стопанска дејност што опфаќа работа на кафеани, ресторани, гостилници и др.

угојка | ж.

Растение слично на тиква, за време на ѓурѓовденските празници се употребува во магиски цели, се виткаат со него, го закачуваат на врата и сл.; Bryonia dioica.

угрее | св.

Облее со светлина; огрева 2.

угроза | ж.

Лошо претчувство, страв од некаква опасност што се насетува. Чувствува угроза за сопственото опстојување. Угрозата страшна над глава им стои, /и турската сила во обрач ги стега....