угоднички | прид.
Што се однесува на угодник_2
угодништво | ср.
Држење, постапка на угодник 2, сервилност, ропска услужност.
угоен | прид.
Што се угоил, што се здебелил, се згоил. Угоени свињи.
угои | св.
Направи да има повеќе килограми од претходно, здебели, згои. Угоија неколку свињи.
угол | прил.
Сосем, целосно. Угол сам. Угол гол.
угоре | прил.
Насочено во височина, кон горе, кон повисоко; Погледни угоре. Се качуваше по лозјата угоре. Скршнал угоре кон станицата. Ги крена рацете угоре.
угорен | прид.
Што се издига нагоре, што е на височина. Угорно сокаче. Куќата беше на многу угорно место.
угоре-удолу | прил.
Насочено час нагоре, час надоле. Одеше угоре-удолу.
угори | св.
Загрее на висока температура, усвити. Ја угори фурната.
угорнина | ж.
Место, пат, патека што е на стрмнина; нагорнина. Патот оди по угорнина. Куќата им е на угорнина. Едвај ја искачивме угорницата