угроза | ж.

Лошо претчувство, страв од некаква опасност што се насетува. Чувствува угроза за сопственото опстојување. Угрозата страшна над глава им стои, /и турската сила во обрач ги стега....

угул | прил.

угурсуз | м.

Неранимајко, непослушен; несреден, запуштен човек. Ништо немаат угурсузите, а пак се веселат. Бегај од тука, угурсуз ниеден.

угурсузлак | м.

Непослушност, несреденост, запустеност. Доста правиш секакви угурсузлаци.

удав | м.

(зоол.) Неотровна змија, смок со должина над еден метар што убива со стегање; Eryx jaculus.

удавен | прид.

Глаголска придавка од удави.

удавеник | м.

Лице што го изгубило животот со давење. Удавеникот лежеше неподвижно на брегот од реката.

удави | св.

Одземе живот некому спречувајќи му го дишењето, задуши, задави со раце, јаже, заби и сл. Злосторникот ја удавил жртвата со рацете. Мачорот ги удавил мачињата.

удар | м.

Силен допир на два цврсти предмета честопати проследен со звук.

ударен | прид.

Што нанесува решавачки удар со голема сила. Ударна воена единица. Ударна сила.