ударник | м.

Истакнат работник во социјалистичкиот процес на производство, работник што ги надминува нормите, истакнат бригадир во младинските работни акции. Тој е најдобар работник, повеќекратен ударник.

ударнички | прид.

Што се однесува на ударник, што припаѓа на ударник. Ударничка значка.

ударништво | ср.

Ударничка работа како метод на социјалистичко дејствување.

удвоен | прид.

Глаголска придавка од гл. удвои.

удвои | св.

Направи нешто да биде двојно (конец, текстилен материјал и сл.), зголеми за уште толку. Го удвои конецот за да ги сошие копчињата. Четата ги удвои силите за да се пробие низ непријателскиот обрач.

удел | м.

Дел со кој се учествува во нешто. И тој има удел во тие настани.

удина | ж.

Месо без коска. Парче удина. Готвеше свинска удина.

удира | несв.

удиралка | ж.

(муз.) Дрвено или метално стапче, или нешто слично, со кое со удирање се произведува звук, дел од музички инструмент што обично оди во пар. Тој ги извлекува двете удиралки и рамномерно почнува да удира по кожата од тапанот.