удирачки | прид.
удобен | прид.
Што е пријатен, комотен, поволен. Удобна облека. Удобен стан. Удобен живот. Удобно засолниште. Удобен кревет.
удолен | прид.
Што се спушта надолу во однос на насоката на гледањето, на движењето, што е на стрмно место, на надолнина; Удолна врвица. Удолни скали.
удолнина | ж.
Удолно, надолно место што се спушта во однос на насоката на гледањето, на движењето; надолниште; угорниште. Се спуштавме полека по удолнината. Борците слегуваа по удолницата
удолничав | прид.
удолниште | ср.
удолу | прил.
Кон долу, надолу, кон пониско место; Џадето се спушта удолу. Се упати удолу накај реката.
удоми | св.
Обезбеди, смести некого во дом.
удопство | ср.
удостои | св.
Направи чест некому. Девојката не го удостои момчето ниту со поглед. Тој не го удостои соседот со своето внимание. Нè удостоивте со својата посета.