ултрафилтрација | ж.
Филтрирање со ултрафилтер.
ултрац'рвен | прид.
ум | м.
а (филоз.) Способност на човекот да мисли, да сознава, да расудува теоретски и практично. б) (разг.) Способност за правилно расудување; памет, разум. Бистар ум. Болниот ум тешко може да ја разбере оваа промена. Помрачен ум.
ума | ж.
Вид глина со која ги мачкале подовите и ѕидовите на собите, а се употребувала и за миење на косата.
умее | несв.
Знае како да прави нешто, како да врши нешто, вешт е во нешто. Тој умее да раскажува. Сите девојки и момчиња од нашата улица умееја да танцуваат и да пеат добро. Стариот умееше да ги занимава децата со приказни. Умее убаво да везе.
умен | прид.
Што се истакнува со својот ум, што е послушен, добар, воспитан. Умно момче. Умна жена. Умни деца.
умерен | прид.
Што не претерува, што се држи до извесна мерка, што се воздржува од нешто. Тој е умерен во јадењео и пиењето. Говорот на директорот беше оценет како умерен.
умери | св.
Погоди точно во целта. Со пиштол го умери момчето в гради.
умесен | прид.
Што е на место кажан, направен, што е соодветен. Умесен заклучок. Умесна молба. Умесно решение.
уметник | м.
Тој што создава уметнички дела, творец во областа на уметноста. Голем уметник на зборот. Во ова филмско студио работеле многу познати уметници. Театарски уметник. Естрадни уметници. Ликовен уметник.