ултразвучен | прид.
Што се однесува на ултразвук.
ултраконзервативен | прид.
Крајно конзервативен.
ултралевица | ж.
Крајна левица, политичка партија со крајно левичарско дејствување.
ултралевичар | м.
Тој што ја поддржува ултралевицата, член на ултралевичарска партија.
ултрамарин | м.
Минерал со модра, виолетова или зелена боја.
ултрамикроскоп | м.
Вид микроскоп со кој се гледаат извонредно ситни честички невидливи со обичен микроскоп.
ултрамикроскопски | прид.
Што е видлив само со ултрамикроскоп.
ултранационалист | м.
Тој што дејствува ултранационалистички, припадник на таква политичка партија.
ултранационалистички | прид.
Што е крајно националистички ориентиран.
ултрафилтер | м.
Филтер со многу ситни пори за фино прочистување течност.