умоли | св.
Придобие со молење. Едвај го умоли.
умор | м.
Измореност, замор. Умствен умор. Физички умор. Од умор едвај стоеше на нозе. Го совлада уморот.
умора | ж.
уморен 1 | прид.
Што е изморен, заморен, преморен. Уморени нозе. Уморен од работа седна да одмори.
уморен 2 | прид.
Што чувствува замор.
умори | св.
измори, замори.
уморнина | ж.
Запурнина, спарина. Уморнина се спушти над градот.
умотворба | ж.
Плод од творечка умствена работа, најчесто уметничко дело. Народни умотворби.
умотворение | ср.
умре | св.
Престане да живее, почине. Тој умре од природна смрт. Детето умрело од сипаници. Тие умреа за татковината. Кучето ми умре пред две години при една несреќа.