унција | ж.

Мерка за тежина на лекови, благородни метали и сл.

уортачи | св.

Направи ортак некого.

уочи | св.

уочлив | прид.

упад | м.

Насилен влез, продор во некој простор, територија, средина. Упад на терористи на територијата на нашата земја. Упад на турскиот башибозук. Упад на непријателска патрола во мирното село.

упадлив | прид.

Што се забележува веднаш, што паѓа во очи. Упадливи разлики. Упадливи очи. Облеката го правеше поупадлив.

упадне | св.

Влезе одненадеж или насила негде, во некое место или територија. Полицијата упадна во станот. Непријателот упадна на слободната територија.

упадок | м.

Пропаѓање, назадување. Упадок на писменоста во тоа време. Бројот на дуќаните се менувал во зависност од тоа дали градот бил во економски подем или упадок.

упат | м.

Документ со кој пациентот се упатува на преглед. Го предаде упатот на шалтерот. Докторот му напиша упат за интернист.

упатен 1 | прид.

Што добро ги познава нештата, што знае, што умее. Тој е добро упатен во таа работа.