упадок | м.
Пропаѓање, назадување. Упадок на писменоста во тоа време. Бројот на дуќаните се менувал во зависност од тоа дали градот бил во економски подем или упадок.
упат | м.
Документ со кој пациентот се упатува на преглед. Го предаде упатот на шалтерот. Докторот му напиша упат за интернист.
упатен 1 | прид.
Што добро ги познава нештата, што знае, што умее. Тој е добро упатен во таа работа.
упатен 2 | прид.
Глаголска придавка од упати.
упати | св.
а) Покаже пат, правец, насочи. Тој го упати странецот во хотелот. Секретарката ме упати кон една од просториите за чекање. б) (прен.) Насочи кон нешто, даде упатство за работа, за усовршување и сл., воведе во нешто. Библиотекарката ме упати во литературата за научна фантастика.
упатница | ж.
Поштенски формулар или банкарски чек со кој по пошта или банка се испраќа пари, пакет и сл. На шалтерот ја пополни упатницата за парите што ѝ ги праќаше на сестра си.
упатство | ср.
Поука, совет, наредба, директива како нешто треба да се работи, како да се употребува нешто. Упатство за работа. Упатство за употреба на апаратот. Упатство за изведување на наставата.
упечок | м.
упис | м.
Запишување во книги, во список како член, ученик, студент, посестител и сл. Упис на факултет. Уписите во средните училишта веќе започнаа.
уписен | прид.
Што се однесува на упис. Уписен рок.