уписнина | ж.
Сума пари што се плаќа при запишување на училиште, факултет и сл. Уписнината е многу висока.
уписница | ж.
Формулар за запишување, за упис.
уплав | м.
Престрашеност, претрпен голем страв. Има уплав од темница. На штрек и со уплави го врвевме времето.
уплакан | прид.
Обземен од плач, многу расплакан. Уплакано дете. Уплакано лице.
уплата | ж.
Износ што се уплатува. Уплатата на членарина.
уплати | св.
Изврши уплата. Тој доброволно уплати свои средства на сметката на едно болно девојче. Тие уплатија за летување. Вчера уплативме за стан. Минатата недела уплатив на лотарија, но не добив ништо.
уплатница | ж.
Формулар за уплатување.
уплашен | прид.
Глаголска придавка од уплаши.
уплаши | св.
Предизвика страв кај некого. Сестрата го уплаши малото братче раскажувајќи му страшни приказни. Другарка ми силно тропна на прозорецот и ме уплаши. Мачката ме уплаши мушкајќи ми се околу нозете. Грмењето го уплаши детето.
упокоен 1 | прид.
Глаголска придавка од упокои.