убост | ж.
Убавина. Пролетна убост. Моминска убост. Неизмерни убости.
убрус | м.
Крпа за лице. Се изми лице и се избриша со убрус.
уважен | прид.
Што е почитуван, ценет, авторитетен, угледен. Уважена стара дама. Уважениот професор денес ќе одржи предавање. Уважен граѓанин. Уважена личност.
уважение | ср.
Почит, почитување. Со уважение. Чин за почит и уважение.
уважи | св.
Се однесе со внимание кон нешто, прифати, усвои. Судот ја уважи молбата.
увезе | св.
Внесе стока од странство во земјата. Нашето претпријатие увезе свинско месо поради недостиг на пазарот.
увеличи | св.
Зголеми, направи да биде поголем. Ја увеличи фотографијата од роденденот. Ги увеличиле буквите за да се чита подобро.
увеличителен | прид.
Што увеличува, што зголемува. Увеличително стакло.
уверен | прид.
Што верува, убеден, сигурен во нешто. Уверен сум дека тоа е вистина. Остана уверен дека добро сторил.
уверение | ср.
Убедување, верување дека е нешто добро, правилно, праведно, вистинито. Кај народот созрева уверението за слобода. Тој се жртвува за своите уверенија.