убие | св.
Усмрти, одземе живот, лиши од живот човек или животно. Го убиле во борбата за ослободување на селото. Ловџиите убиле волк веднаш над селото.
убиен | прид.
Глаголска придавка од убие.
убиец | м.
Тој што насилно одзема туѓ живот. Ги фатиле убијците на девојката. Платен убиец.
убиствен | прид.
Што е смртоносен, што може да доведе, да предизвика смрт. Убиствено ниски температури. Убиствен бес. Убиствен гнев. Убистевена стрела.
убиство | ср.
Насилно лишување некого од живот. Тој изврши убиство. Обид за убиство. Тој лежи затвор за убиството на соседот.
ублажи | св.
Направи да постивне, да се посмири, да поослаби нешто силно, остро, изразито по интензитет. Лекот ја ублажи болката. Ублажи тага. Увозот го ублажи недостигот на лекови. Ги ублажи затегнатите односи во семејството. Ублажи гнев.
ублажувачки | прид.
Што смирува, што намалува нешто по интензитет. Ублажувачка насмевка. Ублажувачки зборови.
убод | м.
Повреда со остар предмет, со ладно оружје и сл.; повреда од инсект што има осило. Со еден убод со мечот го кутна противникот. Убод на комарец.
убоде | св.
Зададе рана со нешто остро. Тој го убоде во стомакот. Таа го убоде прстот со иглата додека везеше.
убоен | прид.
Што може да убие. Убојно оружје. Убојна муниција.